Connect with us

Култура

Танцова претстава „F_AI_LLE“ на француската танцова група K.Danse

Францускиот институт во Скопје и Танц-фест по повод отворањето на Месецот на франкофонијата и во знак на предотворање на Танц-фест вечер од 20 часот во Македонскиот народен театар ја организираат танцовата претстава „F_AI_LLE“ на француската танцова група K.Danse.

-Танцовата претстава „F_AI_LLE“ е истовремено и интерактивна инсталација што го истражува дијалогот помеѓу човечкото тело и вештачката интелигенција.
На крстосницата помеѓу современиот танц и дигиталните истражувања, ова дело ја преиспитува нашата врска со нормите, технологијата и креативноста, се посочува во соопштението на Францускиот институт.

Во рамките на посетата на трупата ќе се реализира и програма на работилници од 9 до 13 март во Скопје, Битола, Куманово и Тетово — под водство на кореографот Жан-Марк Матос. Работилниците се наменети за актери од областа на танцот, млади изведувачи и наставници по француски јазик.

Овој проект, поддржан во рамките на програмата FEF „Дигитални уметности“, ја истакнува продукцијата на современото франкофонско творештво и ги зајакнува уметничките соработки помеѓу Франција и Северна Македонија.

Активностите во рамките на Месецот на Франкофонијата, во организација на Францускиот институт и партнерите, може да се најдат на линкот: https://ifs.mk/kultura-i-umetnost/mesecna-agenda/.

Маркетинг
Ad 1
Ad 4