Connect with us

Култура

Средба на директорот на македонскиот КИЦ во Софија со двајца бугарски актери

Директорот на македонскиот Културно-информативен центар (КИЦ) во Софија, Зоран Пејковски, соопшти дека имал средба со бугарските актери Стефка Јанорова од Театарот на армијата и со Валентин Ганев од Народниот театар „Иван Вазов“ и дека со неа е потврдена клучната улога на институцијата во градењето на културната дипломатија како жив и динамичен процес.

Во допис до медиумите Пејковски посочува дека средбата отворила можности за идна соработка и размена, „во кои сценските истражувања, креативните визии и духовните вредности може да се испреплетат во заеднички проекти поттикнувајќи континуирана инспирација, зајакнување на меѓукултурните врски и создавање нови форми на културна комуникација“.

– Во просториите на македонскиот КИЦ имаше вистински чин на духовна размена, во кој уметноста се појави како универзален јазик, ослободен од граници, поделби и предрасуди. Средбата беше чин на длабоко препознавање меѓу уметници што сцената ја доживуваат како животна потреба. Таа се разви како емотивен, интелектуално и духовно промислен дијалог, во кој учесниците ги истражуваа смислата на сцената, улогата на актерот и природата на уметноста како форма на постоење и комуникација. Средбата исто така беше чин на зближување меѓу две културни и уметнички традиции, два јазика и два духовни света што се препознаваат во истата љубов кон уметноста – истакна Пејковски.

Маркетинг
Ad 1
Ad 2