Connect with us

Фудбал

Крос со порака до фудбалерите на Реал Мадрид

Еден од играчите кој остави белег во Реал Мадрид последните десет години Германецот Тони Крос им упати порака на сегашните ѕвезди на „кралскиот клуб“, кои во дуелот со Леванте беа исвиркани од навивачите на Сантијаго Бернабеу.

–  Фудбалер, кому никогаш не му свиреле на Сантијаго Бернабеу не е голем играч. Тука секогаш играат големи фудбалски имиња. Ако пред почетокот на натпреварот те дочекаат свирежи, тоа не помага во тоа што сите го сакаат, да победуваат, истакна Крос.

Ова е втора сезона во која работите не стојат како што треба и потенцираше дека овој клуб не прифаќа да нема пехари. Крос потенцираше и тоа дека оваа генерација има ментална сила да се избори со притисокот. Тој не ги заборава свирежите во „белиот дрес“ по поразот од Ајакс во 2019 година кога на домашен терен загубија со 1:4.

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 2