Connect with us

Фудбал

Фудбалерите на Манчестер Сити собираа пари за навивачите по поразот во Норвешка

Непријатно изненадување им приредија фудбалерите на Манчестер Сити на своите навивачи на гостувањето во Норвешка во дуелот со Бодо/Глимт во Лигата на шампионите. „Граѓаните“ дуелот го загубија со 3:1.

Навивачите не го криеа бесот кон своите навивачи по очајната претстава особено што претходно во текот на викендот загубија и од Манчестер Јунајтед во Премиер лигата. На трибините имаше 374 навивачи на Манчестер Сити, а капитените на клубот се обидоа да го „ублажат“ срамниот пораз. Тие собраа пари и им ги платија влезниците на навивачите кои беа на трибините на дуелот во Норвешка. Англиските медиуми наведуваат дека сумата била околу 10.000 евра.

За тоа колку беше лош изданието на тимот на менаџерот Пеп Гвардиола покажува и фактот што Бодо/Глимт имаше водство од 3:0 по 58.минути игра. Манчестер Сити се наоѓа на седмото место на табелата и во последното коло ќе мора да се бори за пласман во ТОП 8 односно директно учество во осминафиналето од Лигата на шампионите. Последен противник на „граѓаните“ ќе им биде Галатасарај на „Етихад“.

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 2