Фудбал
Конте за ремито со Копенхаген: Мора да победуваме на вакви натпревари
Тренерот на Наполи, Антонио Конте не е задоволен од нерешениот резултат со Копенхаген.
Наполи синоќа на гости во Данска одигра 1:1 во 7. коло од Лигата на шампионите.
-Разочарани сме. Требаше да победиме и да се пласираме во нокаут фазата. Имавме целосна контрола врз ситуацијата бидејќи имавме предност. Заморот не е изговор. Мора да победуваме на вакви натпревари, изјави Конте за сајтот на УЕФА.
Италијанскиот клуб е на 23. место во генералниот пласман со осум бода. Наполи ќе игра против Челзи дома во следната рунда на 28 јануари.
јануари 22, 2026


