Connect with us

Фудбал

Манчестер Јунајтед не размислува за останување на Керик

Деби од соништата имаше новиот менаџер на Манчестер Јунајтед Мајкл Керик – победа над градскиот ривал Манчестер Сити. Но, и покрај триумфот во клубот не размислуваат за негово останување на клупата на „црвените ѓаволи“.

Управата ќе бара нов менаџер, а меѓу кандидатите е Нико Ковач. Хрватскиот тренер беше една и од опциите за менаџер на Челзи пред да биде ангажиран Лиам Росениор, но тој не прифати во текот на сезоната да ја напушти клупата на Борусија Дортмунд.

Ковач беше на кормилото на хрватската репрезентација, а со Баерн има освоено титула во Бундес лигата. Тој важи за еден од потенцијалните менаџери за новата сезона, додека фановите на Манчестер Јунајтед би сакале Керик да биде изборот за прв човек на клупата.

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 2