Connect with us

Фудбал

Конечно победа за Наполи, Елмас се повреди

Екипата на Наполи конечно успеа да стигне до триумф откако три натпревари во Серија А одигра нерешено. Наполи во денешниот дуел од 21. коло го совлада Сасуоло со 1:0, а стрелец на голот беше Станислав Лоботка во 7. минута.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го почна натпреварот, но поради повреда беше заменет во 56. минута со Матео Политано.

Во првиот дуел од денешната програма од оваа рунда лидерот Интер како гостин го совлада Удинезе со 1:0 со голот на Латуро Мартинез. Во вечерниот термин играат Каљари и Јувентус.

Интер ја зачува првата позиција со 49 бодови, а следат Милан и Наполи со по 43. 

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 1