Connect with us

Фудбал

Ковачиќ заминува од Манчестер Сити, останува во Премиер лигата

Хрватскиот репрезентативец Матео Ковачиќ наскоро би можел да го напушти тимот на Манчестер Сити. Но, негова следна дестинација потенцијално е повторно клуб од Премиер лигата – Вест Хем.

Последните неколку натпревари Ковачиќ не е во комбинација кај Пеп Гвардиола и има само два натпревара, а секако на бројот на натпревари влијание има и повредата.

Клубот од Лондон, Вест Хем кој се бори за опстанок е подготвен за ангажирање на Ковачиќ, особено што се споменува како замена за Лукас Пакета, кој е пред заминување (Челзи или Фламенго).

Ковачиќ со своето искуство и настапите претходно во Челзи и Реал Мадрид и со 31 година уште може да претставува засилување за екипа од Премиер лигата.

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 2