Фудбал
Алонсо: Беше чест да се води Реал
Алонсо ја даде првата изјава откако поднесе оставка од тренерската позиција на Реал Мадрид.
„Кралскиот клуб“ вчеравечер соопшти за разделбата со шпанскиот фудбалски стручњак.
-Оваа професионална фаза заврши, а работите не одеа како што сакавме. Работата како тренер на Реал Мадрид беше чест и голема одговорност. Им се заблагодарувам на клубот, на играчите и пред сè на навивачите за нивната доверба и поддршка. Заминувам со почит, благодарност и гордост што направивме сè што е можно, напиша Алонсо на социјалните мрежи.
Тој беше тренер на Реал Мадрид од 1 јуни 2025 година. Под негово водство „Лос Бланкос“ одиграа 34 натпревари, победија на 24, одиграа четири нерешени и загубија на шест средби.
На 11 јануари, Реал Мадрид загуби со 3-2 од Барселона во финалето на шпанскиот Суперкуп.
јануари 13, 2026


