Connect with us

Свет

Најмалку 16 загинати во пожар во дом за стари лица во Индонезија

Во пожар во дом за стари лица во Индонезија синоќа загинаа 16 луѓе, соопшти локалната полиција.

Пожарот избувнал станарите на приземниот објект во градот Манадо, во провинцијата Северен Сулавеси, спиеле. Полицијата соопшти дека 15 лица изгореле, додека телото на уште една жртва не било зафатено од огнот.

Преживеаните, вкупно 15 лица, се пренесени во две болници во Манадо, а пожарникарите го гаснеле пожарот повеќе од два часа. Во спасувањето на неколку корисници на домот помогнале и соседите.

Во првичниот полициски извештај се наведува дека пожарот бил предизвикан од дефект на електричната инсталација, но локалните власти подоцна изјавија дека причините сè уште се истражуваат.

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 2