Свет
Жаир Болсонаро ја поддржа претседателската кандидатура на својот син Флавио на изборите во 2026 година
Поранешниот претседател на Бразил, Жаир Болсонаро, денеска ја поддржа претседателската кандидатура на својот син Флавио за изборите во 2026 година, додека, со одобрение на судот, тој денеска излезе од затвор поради друга операција, поврзана со последиците од прободувањето пред седум години.
Брутанските меидуми пренесуваат дека сенаторот Флавио Болсонаро (44) изјави дека сака да го консолидира конзервативното наследство на својот татко на изборите закажани за 4 октомври, каде што ќе се обиде да го победи левичарскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва.
„Со обврска да не дозволам потиснување на волјата на народот, донесувам одлука да го номинирам Флавио Болсонаро за можен кандидат за претседател во 2026 година“, наведе Жаир Болсонаро во писмото што Флавио го прочита пред болницата во Бразилија, каде што се лекува неговиот татко.
Според неговата сопруга Мишел Болсонаро, поранешниот претседател бил подложен на планирана оперативна процедура за хернија.
Жаир Болсонаро (70) има долга историја на хоспитализации и операции поврзани со прободувањето што го претрпе за време на изборната кампања во 2018 година, вклучително и 12-часовната повторена операција во април годинава поради проблеми со цревата.
Судијата на Врховниот суд, Александре де Мораес, му одобри на Болсонаро привремено ослободување од затвор, каде што отслужува 27-годишна казна за заговор за државен удар, за да се подложи на операција.
На полицијата, меѓутоа, ѝ беше наредено да остане надвор од неговата болничка соба, додека компјутерите и мобилните телефони беа забранети внатре.
Поради проценката дека постои ризик од бегство по изрекувањето на пресудата, поранешниот претседател беше приведен кон крајот на ноември, а три дена подоцна почна да ја отслужува казната од 27 години затвор.
декември 26, 2025


