Connect with us

Фудбал

Гвардиола останува на клупата на Манчестер Сити уште најмалку 18 месеци

Менаџерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола во пресрет на дуелот од викенд колото против Вест Хем одговараше и на прашања за неговата иднина во клубот откако се појавија вести за негов наследник следната сезона. Тој саркастично одговори дека ќе замине кога ќе има 75 или 76 години.

–  Секогаш во одреден период во сезоната ме прашувате за мојата идина во клубот. Така да на 75 или 76 години ќе заминам од Манчестер Сити. Имам уште 18 месеци од договорот. Среќен сум и возбуден заради напредокот на тимот, изјави Гвардиола.

Шпанецот кој има 54 години од 2016 година е на клупата на „граѓаните“, со кои има освоено шест титули во Премиер лигата, една во Лигата на шампионите, два ФА купа, четири Лига купа, Светско клупско првенство и Супер куп на УЕФА. Во моментов Манчестер Сити е втор на табелата со два бода помалку од лидерот Арсенал.

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 3