Connect with us

Формула 1

Марко за напуштањето на Ред Бул: Разочарувањето од губењето на титулата доведе до оваа одлука

По две децении успешна соработка, Хелмут Марко објави крај на соработката со Ред Бул. Тој  беше советник во Ред Бул и еден од најзаслужните за осум шампионски титули кај возачите и шест во конкуренција на конструктори.

Марко ја откри причината за неговото заминување од Ред Бул.

– Бев единствениот во тимот кој сè уште веруваше во титулата на Макс Верстапен. Се натпреварувавме со голем ентузијазам и посветеност, па беше големо разочарување кога не успеа. Ова разочарување доведе до одлуката дека дојде време да се повлечам. Го напуштам Ред Бул во добри односи и дефинитивно ќе продолжам да бидам на патеката од време на време. Верувам дека тимот е во многу добра позиција и сигурно не сум го оставил зад себе во хаос. Сè е на свое место и сигурен сум дека тимот само ќе се подобрува, изјави Марко.

Верстапен за само два бода не успеа да дојде до петтиот последователен шампионски трофеј во Формула 1. Титулата година ја освои Ландо Норис од Мекалрен.

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 1