Connect with us

Скопје

Се асфалтираат улици во населеното место Визбегово

Општина Бутел презема активности за асфалтирање на улиците во населеното место Визбегово, информираат од локалната самоуправа.

-Продолжуваме со силна динамика да ја подобруваме патната инфраструктура во сите населени места во општината. Овие активности се реализирани преизборни ветувања на градоначалникот Дарко Костовски. Во општина Бутел се реконструираат и асфалтираат 70 улици, во износ од 150 милиони денари, се вели во соопштението од локалната самоуправа.

Општина Бутел, се додава во соопштението, вложува во проекти за подобрување на сообраќајот и зголемување на безбедноста на сите граѓани.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 3