Connect with us

Тенис

Надал за Алонсо во Реал: Куќа не се гради за еден ден

Поранешниот светски рекет број еден, Шпанецот Рафаел Надал, му искажа поддршка на тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо.

– Реал предводен од Алонсо моментално е прв во Ла Лига и е во добра позиција во Лигата на шампионите. Не мислам дека некој во клубот би одбил да биде во негова кожа во моментов. Ова е нов проект, а тимот има многу да научи. Куќа не се гради за еден ден, изјави Надал за „Мадрид Универзал“.

Реал ремизираше двапати во Ла Лига – против Рајо Ваљекано (0:0) и Елче (2:2), а загуби од Ливерпул (0:1) во Лигата на шампионите.

Во шпанската Ла Лига „Кралевите“ на првото место со 32 бода, еден повеќе од Барселона, додека во ЛШ се на 7. место по четири одиграни натпревари.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 2