Connect with us

Скопје

Општина Кисела Вода уриваше дивоградба во населбата 11 Октомври

Општина Кисела Вода денеска  уриваше дивоградба во населбата „11 Октомври“ по донесено решение за отстранување на објект кој не поседува соодветни технички акти. Станува збор за поранешен деловен објект во сопственост на ГП „Пелагонија 5 – Градилиште механизација“ во стечај, за кој не постои потребната техничка документација и кој никогаш не бил евидентиран во Агенцијата за катастар, информираат од локалната самоуправа.

-Општина Кисела Вода ќе работи исклучиво законски, почитувајќи ги сите закони и правила. Нема да има двојни стандарди за никого и нема да дозволиме прекршување на било каков закон. Законите мора да важат подеднакво за сите. Во мојот мандат ќе se залагам за работење исклучиво според право и правда, изјави градоначалничката Стаменкоска Трајкоска, посочувајќи дека институцијата ќе постапува одговорно за сите случаи каде ќе се утврдат нерегуларности во однос на објекти на територијата на општината.

За секој објект кај кој ќе се утврдат неправилности, нагласи, ќе биде издадено решение за отстранување.

-Тоа е единствениот начин да воспоставиме ред и правичност и да го заштитиме јавниот интерес, посочи Стаменкоска Трајкоска.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 2