Скопје
Еко патролата на ЈП Комунална хигиена – Скопје изврши едукативни разговори со стотина претставници на стопански субјекти
Во текот на минатата седмица, Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше работни средби со претставници на 102 стопански субјекти – маркети, ресторани, бурекџилници, слаткарници, кафетерии и бутици, со цел нивно запознавање и едукација за начинот на правилно одлагање на отпадот.
Како што информираат од претпријатието, во рамките на работните средби претставниците на Еко-патролата презентирале на кој начин и каде комуналниот отпад и отпадот од пакувања што се создаваат при работењето на овие стопански субјекти треба правилно и прописно да се одложат, со цел да се постигне максимална заштита на животната средина и јавното здравје, а воедно да се избегне и појава на оштетување или опожарување на садовите наменети за одлагање на отпадот.
Активностите на Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје ќе продолжат и во претстојниот период.
ноември 24, 2025

