Connect with us

Општини

Во крводарителска акција во Бигорски манастир, прибрани 32 крвни единици

Монашкото братство на Бигорскиот манастир, во соработка со Црвениот крст и Институтот за трансфузиска медицина, денеска реализира крводарителска акција под мотото „Подари капка живот-Дај крв, прими дух“.

– Ова е прва ваква активност во нашиот манастир. Да ја даруваат драгоцената течност што живот значи се пријавија над 40 лица а ја даруваа 32 , останатите поради оправдани причини не можеа да го сторат тоа. Ја оценуваме како успешна, рече за МИА, архимандрит Кирил.

Меѓу оние кои подадоа рака и даруваа крв освен членови од братството се и лица од блиските населени места.

-Како што посакавме денешниот ден беше осветлен од топлината на нашите и на верниците, отворени срца. Голема благодарност до крводарителите и до оние кои помогнаа во спроведување на акцијата, за нивната хуманост, добра волја и успешната соработка, нагласи тој.

Архимандрит Кирил, додаде дека акцијата е реализирана со благослов на епископ Антаниски г. Партениј и порача дека е прва но не и последна зашто една капка крв може да значи цел живот за некого.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 4