Connect with us

Скопје

Ученици учат за локалната самоуправа директно од градоначалничката Стаменкоска Трајкоска

Во посета на Општина Кисела Вода денеска беа четвртоодделенците од ООУ „Св. Климент Охридски“, кои во рамки на наставната програма учат за локалната самоуправа, надлежностите на градоначалникот и функционирањето на општината.

Како што информираат од општината, учениците биле примени од градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, која им посакала добредојде и им објаснила како работат општинските служби, поединечните сектори и одделенија, како и начинот на кој се носат одлуките што имаат значење за граѓаните. Децата активно учествувале во разговорот, поставувајќи прашања за тоа како се реализираат проектите, кој се грижи за училиштата, зеленилото и инфраструктурата, и што сè претставува одговорност на локалната власт.

-Ваквите средби имаат важен едукативен, но и педагошки момент бидејќи на учениците им го доближуваме функционирањето на локалната самоуправа на разбирлив и практичен начин, ги охрабруваме да прашуваат, да истражуваат и да учат преку непосредно искуство. Секогаш кога имам можност да им помогнам полесно да ја разберат наставата, тоа го правам со големо задоволство. Ова го назначувам бидејќи по струка сум професор и со ученици работев пред да започнам со мојот ангажман во Собранието, а сега и како градоначалник. Сакам да нагласам дека Општина Кисела Вода и понатаму ќе продолжи активно да соработува со училиштата, да инвестира во образованието и да создава услови во кои секое дете ќе може слободно, квалитетно и безбедно да се развива, истакнала градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.с

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 1