Connect with us

Скопје

Започнува доградбата на ООУ „Јоаким Крчоски“ во Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров денес официјално го потпиша договорот за доградба на ООУ „Јоаким Крчоски“, со што започнува реализацијата на значајна инвестиција вредна 42 милиони денари.

Проектот опфаќа проширување на училиштето со современ, функционален и енергетски ефикасен простор со површина од околу 600 м², целосно прилагоден на потребите на учениците и наставниот кадар.

Со доградбата, училиштето ќе добие осум нови училници на две нивоа, придружени со нови санитарни простории, современ скалишен простор и комуникациски ходници, како и нов влез кој ќе го поврзува проширениот дел со постојниот објект. Преку т.н. „топла врска“ ќе се обезбеди непречено движење и целосна интеграција на новиот дел со училиштето, што значително ќе го подобри функционирањето и ќе обезбеди подобри услови за сите.

Во новиот објект ќе биде инсталиран и модерен систем за греење и ладење со топлинска пумпа, кој ќе овозможи висока енергетска ефикасност и стабилна температура во текот на целата година, создавајќи пријатна и продуктивна средина за учење.

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски истакна дека проектот е директна инвестиција во иднината на најмладите.

За нас, најмладите се највисок приоритет. Со оваа доградба, создаваме подобри услови за работа, поголеми капацитети и современо училиште какво што им доликува на нашите деца – модерно, безбедно и подготвено за иднината – рече Стојкоски. Со потпишувањето на договорот и почетокот на активностите, Општина Ѓорче Петров продолжува континуирано да инвестира во образовната инфраструктура, создавајќи современи и безбедни училишта за сите ученици.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 3