Connect with us

Хроника

Лажни полициски инспектори се обидуваат да изнудат пари од граѓани на Охрид

Полицијата упати известување до граѓаните со предупредување за зачестени случаи за обид на измама во регионите што се под надлежност на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Според СВР – Охрид, деновиве се забележани повторени случаи непознати лица, преку телефонски јавувања на нивните фиксни или мобилни телефони, да се обидуваат да измамат граѓаните, претставувајќи се како полициски инспектори.

Според полицијата, непознатите сторители им кажуваат на потенцијалните жртви дека членови на нивните семејства направиле сообраќајни незгоди и дека треба итно да дадат пари за наводна помош при понатамошната постапка за членот на нивното семејство да не оди во затвор и да биде ослободен од кривичен прогон.

Од полицијата се апелира до граѓаните да не наседнуваат на такви телефонски јавувања и веднаш обидите да ги пријават на телефонскиот број 112 или лично во најблиската полициска станица.

СВР – Охрид презема мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расветлување и документирање на таквите пријавени настани.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 1