Connect with us

Останати спортови

Форца го заврши настапот во Лигата на шампиони во футсал

Македонскиот првак Форца загуби вечерва од украински Киев со 10-0 во завршното третото коло во групата 8 и со три порази го заврши настапот во главната фаза во Лигата на шампиони.

Во воведното коло, кумановскиот состав претрпе пораз од вториот украински претставник Хит со 10-2, а во второто коло беше поразен од домаќинот Врхника од Словенија со 4-2.

Македонскиот шампион својот втор пласман во клупската историја во главната фаза во Лигата на шампиони го обезбеди, откако во прелиминарната рунда забележа три победи и го освои првото место во групата во која за противници ги имаше Енкамп од Андора, Мурата од Сан Марино и ерменски Ереван.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 1
Маркетинг