Скопје
ЈП„Улици и патишта”-Скопје: Бетонирање темели за семафорски столбови на крстосницата на улица „Васко Карангелевски”
Екипите на ЈП „Улици и патишта”-Скопје денеска вршат бетонирање на темелите за поставување семафорските столбови на крстосница на улиците „Васко Карангелески” и „Ангел Димовски”.
По оваа фаза, како што соопштија од ЈП „Улици и патишта”-Скопје, ќе следи поставување на семафорските портални столбови и ќе се спроведува семафорската инсталација.
-Со поставување на новите семафори се влијае на безбедноста на сите учесници во сообраќајот во овој дел од градот, се наведува во соопштението.
октомври 31, 2025

