Connect with us

Останати спортови

На осудениот педофил одбојкар Ван де Велде му е одбиена виза за СП во Австралија

Холандскиот одбојкар Стивен ван де Велде ќе го пропушти Светското првенство во Австралија поради одбивање на виза, објави „Асошиетед прес“.

Тамошниот министер за внатрешни работи Тони Бурк го наведе криминалното досие на спортистот како можна причина за одбивањето. 

Светското првенство во одбојка на плажа ќе се одржи во Аделаида, Јужна Австралија, од 14 до 23 ноември.

Ван де Велде во 2014 година на 19-годишна возраст, силувал 12-годишно британско девојче, откако ја контактирал на социјалните мрежи, отпатувал во Велика Британија за да се сретне со неа и ѝ дал алкохол. За кривичното дело доби затворска казна четири години. Дел од казната тој ја отслужи во Англија, а потоа беше екстрадиран во Холандија.

Тој се врати во спортот во 2018 година и учествуваше на Летните олимписки игри 2024 година и покрај петицијата со која се барало да биде отстранет. Истата година, тој освои бронзен медал на Европското првенство во 2024 година. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 3
Маркетинг