Connect with us

Фудбал

Мјалби продолжува да испишува историја во шведскиот фудбал

Скромниот клуб Мјалби, кој минатиот понеделник стана шампион на Шведска за прв пат во својата историја, постави рекорд, станувајќи тимот што освои најмногу бодови во историјата на шведското фудбалско првенство.

Мјалби во неделата го победи Норчепинг со 2:1и со тоа ја забележа 21 победа во 28 коло во шведското првенство. На две кола до крајот на сезоната, Мјалби има 69 бодови, надминувајќи го рекордот од 67 бодови на Малме во 2010 година, а теоретски со победи над Ворнамо и Хакен до крајот може да дојде и до бројката од 75 бодови.

Мјалби е основан во 1939 година. Клубот е со седиште во истоименото гратче со население од околу 1.400 жители, но ги игра своите натпревари на стадионот „Страндвален“ во соседното населено место Хелевик со капацитет од 6.000 гледачи. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 2
Маркетинг