Connect with us

Останати спортови

Жителите на Минхен на референдум ја поддржаа кандидатурата за домаќини на Олимписки игри

Германскиот град Минхен се приклучи на трката за германски кандидат за домаќин на Летните олимписки игри во 2036, 2040 или 2044 година, откако жителите на овој баварскиот град ја поддржаа кандидатурата на ререфердум во неделата.

Повеќе од 60 проценти од гласачите на референдумот се изјаснија „за“ Минхен да биде домаќин на Летните олимписки игри.

Вкупно 1.097.034 жители на Минхен имаа право да гласаат, од кои 460.217 го искористија своето право на глас во неделата. Излезноста беше 42 проценти, што е рекорд за кој било референдум одржан досега во градот.

„Ова е добар ден за Минхен“, изјави градоначалникот Дитер Рајтер за германските медиуми, додека државната министерка за спорт, Кристијане Шендерлајн, веднаш испрати честитки до Минхен.

„Луѓето ја поддржуваат идејата Германија да биде домаќин на Олимписките и Параолимписките игри. Ова е првиот успешен олимписки референдум во историјата на Германија. Ќе бидам воодушевена ако не биде последен“, рече политичарката од редовите на ЦДУ.

Покрај Минхен, кандидатури поднесоа и Берлин, Хамбург и регионот Рајна-Рур.Германскиот Олимписки комитет идната есен треба да одлучи кој германски кандидат ќе го предложи на Меѓународниот олимписки комитет.

Следните Олимписки игри ќе се одржат во Лос Анџелес во 2028 година, а четири години подоцна домаќин ќе биде австралискиот град Бризбејн

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 2
Маркетинг