Connect with us

Скопје

ЗНАМ: Лабудовиќ доби јавна и целосна поддршка од коалицискиот партнер ВМРО-ДПМНЕ за гласањето в недела во вториот круг на изборите

Кандидатот за градоначаланик на Општина Центар од редовите на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ, денеска, во ресторанот „Дејли“, во населбата Капиштец, оствари неформална кафе-средба со премиерот Христијан Мицкоски и кандидатот за градоначалник на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски, на која доби јавна и целосна поддршка од коалицискиот партнер ВМРО-ДПМНЕ за гласањето в недела во вториот круг на изборите. 

Како што информираат од ЗНАМ, на средбата било заеднички констатирано дека на Центар и на Скопје им е потребна промена, нов ветар во грб, со нова визија кои ќе ги променат работите од темел и ќе ја водат општината и градот напред.

– Мицкоски ги повика членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ, како и сите граѓани на Центар в недела да им дадат максимална поддршка на Мирослав Лабудовиќ и Орце Ѓорѓиевски – кои треба да ги донесат неопходните промени. А, тоа е пред сѐ стоп на бруталната бетонизација во Центар која е отидена предалеку и на штета на сите жители во централната градска општина, стои во соопштението на ЗНАМ.

На неформалната средба, наведуваат оттаму, Мицкоски ја нагласил потребата од повлекување линија која ќе прави јасна разлика меѓу криминалот и домаќинското и одговорно работење, кои, според него, ќе го донесат со себе Ѓорѓиевски и Лабудовиќ по стапувањето на функциите.

Лабудовиќ, пак, им посочил на премиерот Мицкоски и на кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Ѓорѓиевски, дека во првиот круг на локалните избори, над две третини од гласачите сакале промена, изразувајќи верување дека промената ќе се случи во вториот круг в недела. – Едноставно речено, 68 отсто од гласовите во првиот круг во Центар што не го поддржаа актуелниот градоначалник, се потенцијал кој би бил пресуден за победа во Центар, но и за уште поубедлив резултат во Скопје, посочил Лабудовиќ.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 2
Маркетинг