Connect with us

Останати спортови

Бол и Дуплантис најдобри атлетичари во Европа за 2025 година

Фемке Бол од Холандија и Арманд Дуплантис од Шведска се прогласени за најдобри атлетичари за 2025 година. Свеченоста се одржа во грузискиот град Батуми, a изборот беше организиран од страна Европската атлетска федерација.

Во е третпат Бол и Дуплантис да го добија ова признание. Претходно во три наврати беше прогласен за најдобар атлетичар на Стариот континет Британецот Мохамед Фарах.

Дуплантис оваа година по третпат стана светски првак во скок со стап и по 14.ти пат постави светски рекорд – 6.30 метри, додека Фемке Бол ја одбрани светската титула на 400 метри со пречки.

Наградата за „ѕвезди во подем“ им припадна на Одри Веро од Швајцарија и на Хуберт Трошчианк од Полска.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 1
Маркетинг