Connect with us

Останати спортови

Поранешната светска шампионка во биатлон Симон осудена поради кражба

Француската биатлонка Жилија Симон е прогласена за виновна за кражба и измама со кредитни картички и осудена на условна казна затвор од три месеци, пресуди денеска францускиот суд, со што го доведе во прашање нејзиното учество на Зимските олимписки игри во февруари идната година.

Симон беше обвинета дека повеќе пати ги користела банкарските картички на нејзината колешка Жистин Бреза-Буше и на еден член на стручниот штаб на тимот за онлајн купувања во вкупен износ од повеќе од 2.000 евра.

„Не можам да дадам објаснување. Не се сеќавам дека сум го направила тоа. Ни самата не разбирам“, рече Симон за време на судењето.

Според локалните медиуми, за време на сослушувањето, Симон ги признала кражбите и им се извинила на жртвите, а покрај условната казна, била и парично казнета со 15.000 евра.

Француската скијачка федерација објави дека ја зема предвид одлуката на судот и дека дисциплинската комисија ќе се состане што е можно поскоро „за да утврди можни мерки на ниво на Федерацијата“.

Симон освои во кариерата десет светски титули, како и сребрен олимписки медал во мешаната штафета на Игрите во Пекинг во 2022 година.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 2
Маркетинг