Фудбал
Гвардиола знае кога ќе си замине од Манчестер Сити

По репрезентативната пауза викендов продолжуваат натпреварите од националните првенства. Тимот на Манчестер Сити утре е домаќин на Евертон, а во пресрет на дуелот менаџерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола на прес конференцијата зборуваше и за својот престој на клупата на Манчестер Сити.
– Во Барселона, во Минхен (Баерн) и сега во Манчестер (Сити) кога ќе почувствувам дека сум проблем, се повлекувам. Но и понатаму имам енергија, да знам дека тимот и играчите едноставно можат да имаат сезона подобра од претходната, изјави Гвардиола.
Натпреварот Манчестер Сити – Евертон се игра утре (сабота) со почеток во 16 часот.
октомври 18, 2025