Скопје
Ливриниќ: Скопје Север ќе го направиме место каде што сите ќе сакаме да живееме
Кандидатот за градоначалник на Општина Бутел од СДСМ, Оливера Ливриниќ, најави конкретни мерки и инвестиции со кои населбата Скопје Север ќе стане современо, уредено и безбедно место за живеење, се вели во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.
„Сакам Скопје Север да биде место каде што сите ќе сакаме да живееме. Ќе изградиме пешачка и велосипедска патека за безбеден и активен транспорт, како и Центар за спорт и рекреација – простор за здрав живот и забава за сите генерации,“ изјави Ливриниќ.
Во нејзината програма се предвидува и:
Поддршка за енергетски ефикасни фасади и замена на покриви на колективните згради – за убав изглед и помала потрошувачка на енергија.
Катни гаражи кај Средното економско училиште и зад мини трговскиот центар – за повеќе простор и помал метеж.
Фотоволтаично осветлување на влезовите во зградите – чиста енергија и безбедност за граѓаните.
Маркирани паркинг-простори – ред и удобност за сите.
Реконструкција на пристапните патеки – за безбедно движење на пешаците и возилата.
„Скопје Север заслужува нова енергија и вистинска грижа. Ќе вложиме во проекти што го прават животот полесен, поудобен и посигурен,“ додаде Ливриниќ.


