Connect with us

Фудбал

Премиер лигата го казни Мареска поради недолично однесување

Премиерлигата (ФА) му изрече денеска на тренерот на лондонски Челзи, Енцо Мареска, суспензија од еден натпревар и парична казна во износ со 8.000 фунти за недолично однесување во победата од 2-1 против Ливерпул.

Лондонскиот тим го постигна победничкиот гол во петтата минута од судиското продолжение, по што Мареска истрча кон корнер знамето за да прослави со своите играчи, заработувајќи втор жолт картон и исклучување од судијата Ентони Тејлор.

„Тренерот се однесуваше на несоодветен начин, што доведе до негово исклучување во 96. минута. Енцо Мареска подоцна го призна обвинението и ја прифати стандардната казна“, се вели во соопштението на ФА.

Зборувајќи неодамна на спортскиот фестивал во Тренто, италијанскиот стратег на клупата на Челзи призна дека бил совладан од емоции, додавајќи дека неговата прослава била „инстинктивна“.

„Веројатно немав време да размислувам. Тоа беше инстинктивна реакција, но мислам дека се исплатеше“, рече Мареска.

Италијанскиот стратег ќе го пропушти следниот натпревар на лондонскиот клуб од Премиер лигата на гости против Нотингем Форест в сабота.