Connect with us

Фудбал

Чешкиот селектор Хашек доби отказ

Раководството на Фудбалската федерација на Чешка едногласно го прифати денеска предлогот на претседателот Давид Трунда за разрешување на селекторот Иван Хашек и неговиот помошник Јарослав Веселех.

Одлуката е донесена по состанокот на Федерацијата по враќањето на националниот тим од Фарските Острови и поразот од 1:2 во квалификацискиот натпревар за Светското првенство.

Првиот човек на чешкиот фудбал Трунда изјави дека, по анализата на резултатите од октомврискиот мундијалски циклус од натпреварите против Фарските Острови и Хрватска, е донесена одлука за итна смена на селекторската клупа.

Нов селектор ќе биде предложен во наредните денови, а целта, како што нагласи Трунда, останува иста – пласман на Светското првенство следната година.