Connect with us

Скопје

Цветановска: Маја Мојсова да каже дали ќе повика да се гласа за Стевчо Јакимовски, кој туркаше ДУП за згради под маска за катна гаража

Стевчо Јакимовски, кандидатот на СДС, Филипче и Заев пред себе го има интересот само на урбаната мафија, а видеото во кое спомнува наводен дуп за катна гаража во Карпош 1 е манипулација, зад која се кријат нови маркици за згради, заради што ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за тој дуп.

Дуп со маркиците за згради е интерес на Стево, Филипче и Заев. Затоа и Маја Мојсова е ставена да глуми како статист на овие избори.

На Јакимовски, кандидатот на СДС, Филипче и Заев, маркиците му се глава. Паркингот не му падна на памет да го гради, но во јавноста е мамец за да ги протурка маркиците за згради.

Стевчо, ни 6-те советници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата не ти дадовме поддршка да го бетонизираш Карпош 1 со згради. Очигледен е обидот за твое изживување на карпошани кои минатиов мандат не ти помина, нема да ти помине ни сега.Прочитан си. А, Маја Мојсова да каже, дали ќе одигра улога на статист докрај, и ќе повика да се гласа за Јакимовски во втор круг.