Фудбал
Финалисима може да се игра во Катар

Финалисима натпреварот помеѓу европскиот првак Шпанија и јужно-американскиот шампион Аргентина може да се одржи на 28 март 2026 година во Катар.
Според „Marca“, ФИФА сака натпреварот да биде одигран на стадионот „Лусаил Иконик“.
Други опции вклучуваат стадиони во Мајами и Ријад. Наскоро се очекува конечна одлука за местото на одржување на Финалисмата.
На Европското првенство 2024, Шпанија ја победи Англија (2:1), а на Копа Америка 2024, Аргентина ја победи Колумбија (1:0).
Финалисимата за прв пат се одржа во јуни 2022 година, кога Аргентина ја победи Италија со 3:0.
октомври 14, 2025