Фудбал
Познати полуфиналистите на Светското јуниорско фудбалско првенство

На Светското првенство за фудбалери до 20 години во Чиле ноќеска се одигра последниот натпревар од четвртфиналната фаза. Франција ја победи Норвешка со 2:1 и избори полуфинале.
Двојки за полуфиналето:
Мароко – Франција
Аргентина – Колумбија.
Натпреварите ќе се одржат на 15 и 16 октомври. Победниците ќе се пласираат во финалето, а поразените ќе играат во натпреварот за третото место.
октомври 14, 2025