Фудбал
Казахстан убедлив против Лихтенштајн пред гостувањето во Скопје

Фудбалерите на Казахстан го совлада попладнево Лихтенштајн со 4-0 во рамки на шестото коло во групата Ј во квалификациите за пласман на Светското првенство 2026 пред нивниот следен дуел против македонската репрезентација во Скопје.
Казахстан до својата втора квалификациска победа во групата дојде со двата гола на Кенжебек (26, 59), Зејнутдинов (28) и Касум (81).
По шест одиграни натпревари, Казахстан е петтопласиран во групата со осум бодови, додека Лихтенштајн и натаму е без освоен бод.
Казахстан в недела ѝ гостува во Скопје на македонската репрезентација, која претходно вечерва од 20:45 игра против Белгија во Гент.
октомври 11, 2025