Фудбал
Алжир 20. земја која обезбеди пласман на СП 2026

Фудбалерите на Алжир се 20. репрезентација која обезбеди настап на Светското првенство идната фодина во САД, Мексико и Канада.
Алжир го обезбеди првото место во Групата Г од Африканската квалификациска зона, откако вечерва триумфираше со 3-0 против Сомалија во претпоследното, деветто, коло.
Ова ќе биде петто учество на СП за Алжир, по 1982, 1986, 2010 и 2014 година.
Алжир е четвртата африканска репрезентација која обезбеди пласман на СП, придружувајќи им се на Мароко, Тунис и Египет.
Покрај нив, место на СП 2026 претходно обезбедија домаќините Канада, Мексико и САД, како и Јапонија, Нов Зеланд, Иран, Узбекистан, Јужна Кореја, Јордан, Австралија, актуелниот светски шампион Аргентина, Еквадор, Бразил, Уругвај, Парагвај и Колумбија.
Вкупно 48 национални селекции ќе учествуваат на Светското првенство од 11 јуни до 19 јули следната година.
октомври 11, 2025