Connect with us

Фудбал

Трајковски: Треба да го искористиме притисокот врз Белгијците за да стигнеме до поволен резултат

Македонската репрезентација вечерва на „Планет Груп“ арената во Гент го одржува последниот тренинг пред одигрувањето на квалификацискиот дуел против Белгија, кој е на програмата утре со почеток во 20:45 часот.

Напаѓачот Александар Трајковски е единствениот во македонската репрезентација кој е без клуб. Сепак, на него сериозно смета селекторот Благоја Милевски.

„Белгијците сега знаат против кого играат. Сметам дека сега ќе имаат поголем респект кон нас. Мислам дека притисокот е врз нив. Ние секој натпревар го играме исто, се подготвуваме на ист начин. Нормално е како тече циклусот да се зголемува и притисокот, но треба да го тргнеме на страна и да одиграме како што знаеме и да обидеме да стигнеме до добар резултат“, изјави Трајковски.

„Сепак, мислам дека ова ќе биде добар натпревар и дека нема да им биде лесно ниту на нив. Како што доаѓа крајот на квалификациите притисокот расте, исто е за нив и за нас. Ова ќе биде една од поважните средби која може да го реши патот во финишот на циклусот. Белгија, без разлика на генерацијата, секогаш е силна, произведува добри играчи и не случајно е таму каде што е“, заврши репрезентативецот.