Connect with us

Фудбал

Инфантино повика на смиреност пред дуелите на Израел во квалификациите за СП

Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, апелираше денеска до пропалестинските демонстранти да останат смирени пред претстојните натпревари на Израел против Норвешка и Италија во рамки на квалификациите за пласман на Светското првенство 2026.

Минатата недела, пропалестинските демонстранти се собраа пред тренинг центарот на италијанската репрезентација во Фиренца, барајќи натпреварот меѓу Италија и Израел, закажан за вторник во Удине, да не се одржи, како дел од протестот што собра милиони активисти на улиците.

„Сега сите треба да бидат среќни за (мировниот план) и да го поддржат процесот. Секако, ова оди подалеку од фудбалот, но фудбалот е дел од него“, им изјави Инфантино на новинарите на маргините на собранието на Европските фудбалски клубови (ЕФК) во Рим.

Израелските фудбалери гостуваат в сабота во Норвешка, а потоа патуваат во Италија, каде што, според проценките, околу 10.000 луѓе планирале да се вклучат во протести во Удине пред почетокот на мировните преговори меѓу Израел и Хамас