Connect with us

Хроника

Кај двајца турски државјани, најдена дрога

Лишени од слобода двајца турски државјани, кај кои при претрес во домот во кој живеат во Гостивар била пронајдена марихуана.

Како што информираат од МВР, ноќеска (01.10.2025) во 01:00 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода М.А.К.(18) и М.Ј.(19), двајцата од Република Турција со привремен престој во Гостивар, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана.

Потоа, во периодот од 03:30 до 04:10 часот, со судска наредба извршен е претрес во домот во кој живеат, при што е пронајдена и одземена ќеса со марихуана.

Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.