Connect with us

Политика

Меџити: ДУИ го претвори симболот на гордост во симбол на корупција-од СОРАВИЈА до казина и српски банки

Вечерва сме собрани не само за една партиска конвенција, туку за морална битка, за национална мисија!

Постои едно основно правило во политиката: не користи заплашување, не користи говор на омраза, не дели! Зoшто политиката не е борба за лична власт, туку е служба кон граѓаните, е одговорност кон идните генерации!

Затоа, кон оние што денес ја наполнија кампањата со страв, со поделби и со ароганција – имам само една порака: Не ви возвраќаме оти сме мажи, не оти ви се плашиме, затоа што скопјанецот не се плаши, и кога тоа е потребно, скопјанецот ја напушта владата и излегува на мегдан!

Во овие денови, добив пораки од секој агол на земјата, но и од нашата горда дијаспора. И сите тие пораки носат едно заедничко чувство: РАЗОЧАРУВАЊЕ!

Разочарување од оние што пред една година закануваа дека со “ураган“ ќе не срамнат со земја, што шетаа со куфери низ Чаир како газди, што го нарекоа Чаир “Кандахар“, а денес, со иста ароганција, се осмелуваат Албанците да ги наречат кучиња!

Но јас сакам да ви кажам: НЕ ВИ ВРАЌАМЕ ОД СТРАВ, ТУКУ ОД ГОРДОСТ! ЗАТОА
ШТО СКОПЈАНЕЦОТ НЕ СЕ ПЛАШИ – КОГА ИМА ПОТРЕБА, СКОПЈАНЕЦОТ ЈА ОСТАВА
ВЛАДАТА И ИЗЛЕГУВА НА МЕЈДАН!

Затоа ви велам:
НЕ, ние не сме кучиња – НИЕ СМЕ АЛБАНЦИ!
НЕ, ние не сме ни слуги, ни лажговци – НИЕ СМЕ ЛУЃЕ СО ДОСТОИНСТВО!
НЕ, ние не сме предавници – НЕ ГО ПОДДРЖУВАМЕ ОТВОРЕН БАЛКАН, НЕ ГО
ПРИЗНАВАМЕ ДАКА ДАВИДОВИЌ, НЕ ПРОДАДОВМЕ АКЦИИ НА СРПСКА БАНКА, НЕ
ДОНЕСОВМЕ СРПСКО-РУСКИ КАЗИНА МЕЃУ АЛБАНЦИТЕ, НЕ ГИ ЛЕГАЛИЗИРАВМЕ БРЗИТЕ КРЕДИТИ НА МИЛАН РАДОЈЧИЌ!
НЕ, ние не сме вазали – НИЕ НЕ ТРЧАМЕ ВО СОБА 161 ДА МОЛИМЕ ДА ВЛЕЗЕМЕ
ВО ВЛАДА БЕЗ НИТУ ЕДЕН УСЛОВ И НИТУ ЕДНО БАРАЊЕ!
НЕ, ние не одиме во Будимпешта да преговараме со Груевски – НИЕ НЕМАМЕ
ДОЛГОВИ КОН МИЈАЛКОВ!

Ние за само една година донесовме Закон за соодветна застапеност, донесовме Закон за Медресето Иса Бег, донесовме Закон за затворање на казината, вработивме илјадници Албанци, ја засиливме како никогаш порано Охридската рамковна спогодба, процесот на децентрализацијата. Затоа се работи во секое албанско населено место!
Ние ги сакаме општините!
Ние ги поддржуваме општините!
Ние ги заслужуваме општините, затоа и ќе ги добиеме општините!

А оние што беа најверни слуги на власта, еднаш со ВМРО на Груевски, другпат со СДСМ, оние што го легализираа криминалот, што добија место на црната листа на САД, денес немаат лице да зборуваат за патриотизам.
Tие прифатија мораториум за албанското прашање!
Тие го сменија Кривичниот законик за да му го олеснат враќањето на Груевски!
Тие ја искористија власта за перење парите на Мијалков!
Тие влегоа со двете нозе во судството за да го спасат Груевски, додека на Албанците им се монтираа случаи!
Тие прифатија да не се споменува УЧК, затоа што тоа им го забрани газдата!
И денес, токму тие имаат образ да зборуваат за орли и за кучиња! Срам нека им е!

Мои браќа и сестри,
Јас нема да навредувам никого! Но имам право да прашам:
Дали оваа цена требаше Албанците да ја платат за вие да ја купите „СОРАВИЈА“?
Дали оваа цената што требаше Албанците да ја платат за вие да станете сопственици во казино бизнисот на српското подземје?
Дали оваа е цената што требаше Албанците да ја платат за вие да станете акционери во српската банка?
Албанците имале секакви лидери. Но лидери што тргуваат со националната кауза за бизнис интереси на Србија – тоа не се памети!

Вие не бевте на страната на народот – вие бевте во владините фотелји, правејќи зделки и нелегално богатство! Ние, коалицијата ВЛЕН што зборува СО ЕДЕН ГЛАС, сме различни: ние никогаш нема да седиме во влада која убива Албанци; никогаш нема да го амнестираме ниту Груевски ниту Мијалков; никогаш нема да правиме пазар со албанското прашање и правата на Албанците! За ова бидете спокојни – нема никогаш да се случи!

Почитувани граѓани,
Кого имаме спроти нас на овие избори? Спроти нас имаме еден хибриден параполитички модел, чудна мешавина од политичари со истечен рок и други што уште бараат место во политичкиот дискурс. Тоа е непринципиелна комбинација на интереси завиткана под новата кратенка – АКИ, Алијанса на корупцијата за интеграција. Не е случајно што за само една година и нешто, тие го сменија името и составот неколкупати, само за да ја сокријат горчливата вистина: дека зад сета оваа “алијанса“ се крие стравот од името ДУИ. Некогаш симбол на гордост, денес тоа име е претворено во симбол на ендемична корупција: СОРАВИЈА, ЛОТАРИЈА, АС СЕЊАК – тоа се вистинските причини зад коалицијата Алијанса на корупцијата за интеграција! И затоа ние ќе ги победиме на избори и ќе ги демаскираме нивните афери!

Во структурата на АКИ, протагонистите не зборуваат ни меѓусебе, туку стојат таму фатени со нивните нечисти сметки и неплатени долгови кон „врховниот лидер“. Затоа ние силно ќе ги победиме на избори!

“Врховниот лидер“ на АКИ живее во илузија, си мисли себеси дека е вечен на престолот. Тој зборува и се однесува како владетел, јавно ги фали соработниците, а зад грб им мести стапици. Еден пропаднат модел што нема ниту визија, ниту правда, ниту политички морал – туку само тесни лични интереси, кои ги држат во заложништво надежите на граѓаните толку години. Затоа, на овие избори ние ќе ги победиме – не само ќе ги
победиме, туку ќе ги декласираме!

Почитувани присутни,
Овие избори навистина не се обични избори. Зашто овојпат не гласаме само
за кандидат, туку за да ја разделиме еднаш засекогаш политиката на
моралот од политиката на зделките!
Гласаме за да ги пратиме во политичка пензија пријателите на Артан
Груби!
Гласаме за еднаш засекогаш да ги демаскираме идеолозите на КУФЕРИТЕ,
КАЗИНО-политиката и СОРАВИЈА-патриотите!

И на крај, две зборови за „докторот на Тик-Ток“, Бујар Османи.
Не се добива почитта и поддршката на Чаир стоејќи поблиску до Зајас, а
најмалку во Чаир, скокајќи од Скопската Чаршија во Белград, од „лајв“
врски на Фејсбук до тајни вечери во Будимпешта. Затоа што Чаир не е
трамполина за политичари-камикази! Чаир не ја сака ароганцијата и ја
осудува препотенцијата!
Чаир не е писта за политички експерименти!
Чаир е машкост, Чаир е чест, Чаир е гордост!
Во име на нашето национално достоинство, во име на нашата европска
иднина, во име на правдата и еднаквоста:
Да се кренеме сите – и на 19 октомври да победиме!
Нашиот пат е ВЛЕН– и ВЛЕН за секој Албанец!
Бог да го благослови албанскиот народ!
Бог да го благослови нашиот горд Чаир!
ПОБЕДА!