Connect with us

Хроника

Претрес во скопско, пронајдени гранки и стебла од канабис, приведено едно лице

На 26.09.2025 околу 19:00 часот во с.Страчинци, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода С.И.(50) од селото.

Како што соопшти МВР, претходно, при преземање службени дејствија, полициски службеници од ЕИП при СВР Скопје забележале дека под стреата од неговата куќа има закачени гранки и стебла во саксии од растението канабис.

-Подоцна, со судска наредба, Единицата за недозволена трговија изврши претрес во неговиот дом, при што беа пронајдени и одземени 90 гранки од растението канабис и две ќеси со помали гранчиња од растението канабис, стои во соопштението на МВР.

Оттаму додаваат дека лицето е задржано во Полициска станица Гази Баба и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.