Connect with us

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: Ахмети е што би рекле Србите кои му се идоли, една “немирна закачица” и мора да сфати дека внимание не се бара туку се заслужува

Дојдоа избори и на Ахмети постојано му текнува на крв и квази патриотизам онаков од најдолeн Милошевички вид.

Како павлов рефлекс пред секои избори Ахмети си бара актуелност и ги потценува Албанците кои заради тајкуните и шеиците кои Ахмети ги создаде на грбот на чесните Албанци, се живее тешко и се повеќе Албанци се иселуваат од земјава.

Ахмети е, што би рекле Србите кои му се идоли, една “немирна закачица” и мора да сфати дека внимание не се бара, туку се заслужува.

Исто како и достоинството и поддршката. И ова што го правиш не е убаво. Да си го потценуваш сопствениот народ и да измислуваш теми кои се погрешни, манипулативни, и создаваат тензии само затоа што си уплашен.