Connect with us

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: Јакимовски кандидатот на Заев и Филипче санкциониран на црната листа на САД не може да биде изборот на карпошани

Стевчо Јакимовски е лице ставено на црната листа на САД за криминал и корупција.

Јакимовски е јавно обележан од нашите стратешки партнери  како лице вклучено во криминални активности и корупција.

Стејт Департментот прецизно наведува зошто Јакимовски како градоначалник е на црната листа, во соопштението стои:

„Во неговото службено својство како градоначалник на општина Карпош, Јакимовски беше вклучен во коруптивни дејствија, вклучително и користење на својата службена положба за мешање во урбаниот развој и процесите на набавки за да имаат корист за себе и за неговите соработници“.

САД јасно прецизира дека Стевчо Јакимовски како градоначалник ја злоупотребил функцијата за личен бенефит. Јакимовски се мешал во урбанизмот и јавните набавки не за интерес на граѓаните, туку за личен профит и бенефит.

Стефчо Јакимовски местел тендери  и прекројувал ДУП-ови за интересите на урбаната мафија.

Јакимовски, човек со такво досие, означен од САД како закана по демократијата и владеење на правото нема што да бара на чело на Карпош.

Јакимовски е срам за функцијата што ја извршува. Карпош не смее да биде заложник на човек што е симбол на корупција.