Свет
Литванија ќе ја зајакне својата одбрана со купување на 100 оклопни борбени возила
Литванија планира да ја зајакне својата одбрана преку набавка на 100 оклопни борбени возила од типот ЦВ90.
Владата на Литванија потпиша договор со производителот „БАЕ Системс Хеглундс“ (BAE Systems Hägglunds), во висина од 1,3 милијарди евра и вклучува резервни делови, обука и одржување.
Литванскиот министер за одбрана, Робертас Каунас договорот го опиша како „еден од најважните за развојот на литванските вооружени сили“.
Премиерот на Литванија на Икс објави дека договорот „уште еден важен чекор кон зајакнување на безбедноста на Литванија“.
Набавката на овие оклопни возила е дел од заеднички проект во кој учествуваат Литванија, Шведска, Норвешка, Финска и Холандија. Според „БАЕ Системс Хеглундс“, петте земји планираат да нарачаат повеќе од 430 возила, со вкупна вредност од приближно 5,5 милијарди евра.
ноември 28, 2026

