Connect with us

Свет

Трамп сигнализира подготвеност за соработка со демократите по поразот на меѓуизборите

Американскиот претседател Доналд Трамп сигнализираше дека е отворен за соработка со демократите откако неговите републиканци претрпеа порази на изборите на средина на мандатот претходно овој месец.

– Имам чувство дека ќе воспоставиме близок двопартиски однос со демократите, каде што ќе можеме да решиме многу различни прашања за здравствената заштита и за многу други работи и да ги реализираме – рече тој за време на телефонскиот разговор со припадници на американската војска.

Трамп им се јави на војниците од својата резиденција Мар-а-Лаго на Флорида на Денот на благодарноста, пренесе ДПА.

Трамп повтори и дека како претседател има силни овластувања за вето, како што истакна и неколкупати неодамна. Опишувајќи го ветото како моќна алатка, тој рече: „Не планирам да ставам вето на сè две години“, мислејќи на преостанатите две години од неговиот втор мандат. Според Уставот на САД, нему му е забрането да се кандидира за трет мандат.

Изјавите на Трамп доаѓаат околу две недели откако новоизбраниот сенатор од Мичиген, Абдул Ел-Сајед, го повика да воведе универзална здравствена заштита. Тој во објава на X прикажа илустрации на картичка што наликува на картичка за здравствено осигурување, на која со златни букви е испишано „Трампкер“ (TrumpCare).

Весникот „Њујорк пост“ неодамна го цитираше Трамп дека ќе се сретне со Ел-Сајед. „Тој е паметно момче“, изјавил републиканецот за левичарскиот политичар.

Ел-Сајед освои пратеничко место на меѓуизборите на почетокот на ноември и треба да ја преземе функцијата сенатор на Мичиген во јануари. Неговите клучни барања вклучуваат јавно финансиран систем за универзална здравствена заштита, познат како „Медикер за сите“ (Medicare for All). 

Ad
Ad