Свет
Фицо: Словачка нема да учествува во заемот на ЕУ од 45 милијарди евра за Украина
Словачка нема да учествува во планираниот кредит од Европската Унија за Украина, чија вредност се проценува на 45 милијарди евра и кој треба да биде обезбеден за 2027 година. Ова денеска го изјави словачкиот премиер Роберт Фицо.
На прес-конференција по вонредниот состанок на Европскиот совет, Фицо посочи дека кредитот ќе биде реализиран преку механизмот на засилена соработка, кој ѝ овозможува на Словачка да не учествува во неговото финансирање.
Според него, премиерите на Унгарија и Чешка исто така најавиле дека би можеле да заземат ист став, пренесува агенцијата ТАСР.
ноември 27, 2026

