Connect with us

Свет

Австриската армија планира забрана за влез на нивни локации на кинески автомобили, Тесла и на Волво

Австриската војска се подготвува да забрани одредени автомобили да влегуваат во нејзините имоти поради загриженост во врска со собирањето и складирањето податоци.
Според портпаролот на војската, Михаел Бауер, мерката ќе ги опфати возилата од кинеско потекло, како и автомобилите „Тесла“ и „Волво“. Предлогот се уште се дискутира со претставниците на вработените, а датумот на почеток на спроведувањето не е објавен.

На состанокот во Баден, Бауер посочи на камерите со кои се опремени модерните возила и тврди дека податоците од автомобилите произведени од кинески фирми би можеле да се пренесат на кинеските разузнавачки служби. Како причина за планираната мерка, тој го наведе складирањето на податоци надвор од Европа. Австриски медиуми не спомена аконкретен случај на пренос на податоци од австриски воени локации.

Ограничувањето би се однесувало и на приватните автомобили на вработените. Меѓу брендовите што би биле вклучени е „Волво“, кој е во сопственост на кинеската компанија „Џили“.

Според наводите од разговорите за кои извести ОРФ, австриските воени локации се предмет на фотографирање, набљудување или прелетување со беспилотни летала речиси секој ден. Слични ограничувања претходно најави и германската армија.

Ad
Ad