Фудбал
Втора победа за фудбалерите на Скопје
Екипата на Скопје ја постигна втората победа во првенството откако денеска во дуел од 15.коло со 2:1 славеше на гостински терен против Башкими во Куманово. Скопје двете победи ги постигна во последните две кола и веќе не се на последната позиција на табелата. Двата гола за гостите ги постигна Виктор Ангелов во 57.минута и во 60.минута, додека стрелец за Башкими беше Теодор Мирчевски во 85.минута. Во 90.минута Башкими постигна гол, но поради офсајд беше поништен. По завршувањето на натпреварот дојде и до мешаница на центарот на теренот.
На вториот дуел од 15.коло одигран денеска Шкендија Арачиново – Брегалница 0:0. И двата натпревара се одиграа на терени тешки за игра поради дождливото време.
Утре се играат другите три натпревари од оваа рунда: Арсими – Вардар, Силекс – Струга и Тиквеш – Шкендија Тетово.
Табела: Струга 32 бода, Шкендија Т. 28, Тиквеш 27, Вардар 24, Шкендија А.19, Силекс 18, Брегалница 15, Башкими 14, Скопје 10 и Арсими 10.
ноември 28, 2026

